Хроника Банкар си земал пари од клиент

Банкар си земал пари од клиент

СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.С. (34), службеник во филијала на банка во Тетово, за злоупотреба на службената положба и овластување.

На 25 јуни 2014 година, околу 16 часот, во банката дошло лице со намера да подигне 216 евра од својата штедна книшка, за што потпишало исплатница, по што пријавениот му кажал дека не може да му ги исплати парите бидејќи немал парични средства во касата.

Откако подоцна истиот ден оштетениот повторно дошол да ги подигне парите, од друг вработен бил известен дека паричните средства се подигнати, а по преземени мерки е утврдено дека пријавениот си ги присвоил парите за себе.