Свет Балкан Балканот е најголемата безбедносна дупка на ЕУ

Балканот е најголемата безбедносна дупка на ЕУ

Балканот е најголемата безбедносна дупка на ЕУ, која ја препознале и терористите, бидејќи поголемиот дел од оружјето што го користат доаѓа токму од тој регион, тврди виенскиот весник „Кронен цајтунг“.

Весникот потсетува дека терористите во Париз користеле оружје со потекло од Балканот, каде во моментов, според процените, има четири милиони парчиња нерегистрирано оружје на црниот пазар.

Веќе со децении криминалци од најразлични профили ја користат балканската рута како „криминален автопат“ кон и од Европа.

Според Еуропол, повеќе од четири милиони парчиња оружје од војните на просторот на поранешна Југославија се наоѓаат во оптек во државите на Балканот.