Свет Европа Бајден: Нема воено решение за кризата во Украина

Бајден: Нема воено решение за кризата во Украина

Американскиот потпретседател, Џо Бајден, изјави дека „нема воено решение за кризата во Украина“. Ваквата изјава доаѓа во момент кога официјален Киев се надева на испорака на помош во оружје од САД.

– Од почетокот говориме дека не постои воено решение за оваа криза – рече Бајден за денешното издание на весникот „Зидојче цајтунг“.

Бајден вели дека САД не се заинтересирани за „воена ескалација на судирот во Украина“ и, во таа смисла, додаде дека САД би можеле својата помош да ја ограничат само на помош од „доменот на безбедноста“, како што се медицинска помош, панцири или уреди за ноќно следење.

Висок претставник на администрацијата на американскиот претседател изјави дека Барак Обама ја разгледува можноста за испраќање оружје на украинската војска, но е загрижен поради таквиот потег бидејќи носи ризик за почнување индиректна војна со Русија, како и поради способноста на украинската војска да го користи оружјето од САД.