Македонија Автопатот Скопје – Градско затворен за сообраќај, се вози по стариот пат

Автопатот Скопје – Градско затворен за сообраќај, се вози по стариот пат

Екипата на францускиот филм „A фонд“ го заврши снимањето на скопската обиколница и од вторникот снимањето е на дел од автопатот од мотел „Македонија“ до Градско.

Поради тоа, од 5 до 18 часот сообраќајот се одвива по стариот пат, кој е обележан со соодветна сигнализација. Снимањето е планирано да се одвива во работни денови.

Поради обилни врнежи од дожд, сè уште е во прекин сообраќајот на локалниот пат од селото Ропаљце до селото Никуштак, а сообраќајот на другите патни правци во Македонија се одвива по суви коловози.