Македонија Автопатот од мотел „Македонија“ до Градско затворен за сообраќај

Автопатот од мотел „Македонија“ до Градско затворен за сообраќај

Автопатот А1 на делницата од мотел „Македонија“ до Градско, од денеска до 6 ноември, во периодот од 5 до 18 часот, ќе биде затворен за сообраќај поради снимање на францускиот филм „А фонд“.

Сообраќајот, како и досега, ќе се одвива по стариот пат, кој е обележан со соодветна сигнализација.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава.