Хроника Автомобил прегазил пешак на патот Кичево-Македонски Брод

Автомобил прегазил пешак на патот Кичево-Македонски Брод

Вчера, околу 11.20 часот, на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод, се случила сообраќајна незгода помеѓу „цитроен берлинго“ со кичевски регистерски ознаки, управувано од И.Н.(44), и велосипед управуван од Насуф Н. (74) од Кичево.

Во незгодата, тешки  телесни повреди добил велосипедистот, кој со возило на брза помош бил пренесен во болницата во Кичево, каде им подлегнал на повредите. На местото на настанот извршен е увид во присуство на јавен обвинител, како и на увидна екипа од полициската станица во Кичево.