Македонија Автобусите на ЈСП в среда по вообичаен, а в четврток по саботен...

Автобусите на ЈСП в среда по вообичаен, а в четврток по саботен возен ред

Билетарниците и центрите за персонализација во среда ќе работат од 6:30 до 13 часот, додека во четврток нема да работат

Фото: Мета.мк

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје) денеска соопшти како ќе се одвива јавниот градски и приградски превоз за време на одржувањето на Министерскиот самит на ОБСЕ.

Во среда (29 ноември), јавниот превоз ќе сообраќа вообичаено, по зимен делничен возен ред, додека во четврток (30 ноември), автобусите ќе возат по саботен возен ред.

Од ЈСП информираат и оти сите билетарници и центри за персонализација во среда ќе работат од 6:30 до 13 часот, а во четврток нема да работат.

Жичарницата, пак, сите денови ќе работи вообичаено – од 10 до 17 часот.