Хроника Автобус на ЈСП усмртил пешак на булеварот Борис Трајковски

Автобус на ЈСП усмртил пешак на булеварот Борис Трајковски

Фазли Е. (63) од кумановското село Романовце го загубил животот во сообраќајна незгода што вчеравечер се случила на булеварот Борис Трајковски во Скопје, информира полицијата.

Сообраќајната незгода се случила околу 19.30 часот, кога градски автобус на ЈСП удрил во Фазли Е., кој се движел пеш.

Од сериозноста на повредите тој починал на самото место.

Јавен обвинител и екипа на СВР Скопје извршиле увид на местото на несреќата и работат на целосно расчистување на случајот.