Свет Европа Австрискиот канцелар Вернер Фајман поднесе оставка

Австрискиот канцелар Вернер Фајман поднесе оставка

Австрискиот канцелар Вернер Фајман соопшти дека поднесува оставка од сите државни и партиски функции. Фајман поднесе оставка две недели по неуспехот на својата Социјалдемократска партија во првиот круг на претседателски избори.

Во краткото обраќање пред новинарите, тој изјави дека донел одлука да се повлече од местото лидер на Социјалдемократската партија, како и од позицијата шеф на владата.

Одлуката на Фајман била објавена изненадно, пред денешниот состанок на претседателството на партијата.