Свет Европа Австрија го ограничува годишниот број на бегалци

Австрија го ограничува годишниот број на бегалци

Австрија соопшти дека ќе го ограничи бројот на лицата што можат да побараат азил во следните четири година на 1,5 отсто од популацијата.

Планот е договорен на состанок на претставниците на Владата, австриските провинции, градови и на другите заедници.

Предвидено е бројот на азилантите во годинава да биде ограничен на 37.500, додека минатата година беше околу 90.000.