Македонија Аврамопулос: Со регионална соработка да се заштити безвизниот режим

Аврамопулос: Со регионална соработка да се заштити безвизниот режим

Еврокомесарот за внатрешни прашања и имиграција, Димитрис Аврамопулос, бара поголема соработка од државите од Западен Балкан за да се избегнат проблеми со злоупотреба на безвизниот режим. Аврамопулос по новиот извештај на Комисијата за состојбата со безвизниот режим, истакна дека ЕУ го поддржува продолжувањето на овој режим, меѓутоа бара поголема соработка со државите од Балканот за да се спроведат конкретни препораки и заштитни мерки за тој да може непречено да продолжи да функционира.

Грчкиот еврокомесар забележа дека ЕУ останува посветена на одржување на безвизниот режим за граѓаните на државите од Западен Балкан бидејќи има бројни придобивки и за двете страни.

– Придобивките од системот се јасни бидејќи се засилуваат како културните и меѓусебните контакти, така и бизнис-можностите. Меѓутоа, потребно е систематско справување и тоа со правилна распределба на ресурси со злоупотребата на безвизниот системот преку барања за азил во ЕУ. Извештајот на Комисијата посочува на неколку препораки за справување со порастот на нерегуларната имиграција и со злоупотребата на режимот и поради тоа барам целосна поддршка и вмешување на државите кои учествуваат во безвизниот режим – изјави Аврамопулос.