Свет Европа Аврамопулос: Да се соочиме со вистината, мигрантите се тука да останат

Аврамопулос: Да се соочиме со вистината, мигрантите се тука да останат

Време е да се соочиме со вистината дека никогаш нема да бидеме во можност да ја запреме миграцијата, порача европскиот комесар за миграција, Димитрис Аврамопулос и додаде дека тоа е новата реалност за која треба да се смислат долгорочни решенија за унапредување на интеграцијата и инклузијата.

Според неговите зборови на денешниот Меѓународен ден на мигрантите, повеќе од 244 милиони луѓе живеат надвор од нивните земји на потекло. Повеќе од 32.000 бегалци се распоредени низ Европа, а уште 50.000 се очекуваат во наредните две години.

-Глупаво е да се мисли дека миграцијата ќе исчезне ако започне острата реторика. Наивно е да се мисли дека нашите општества ќе останат хомогени и слободни од мигранти само ако подигнат ограда. Не е мудро да се мисли дека миграцијата ќе остане на едната страна на Медитиранот ако се покаже солидарност само во финансиска смисла – наведлува Аврамопулос.

Според него сите мораме да ја прифатиме миграцијата, мобилноста и диверзитетот како нова норма и додаде дека треба да се прилагодуваат политиките спрема неа.