Македонија АВМУ: Нападот врз новинарите е директен напад врз демократијата и слободата на...

АВМУ: Нападот врз новинарите е директен напад врз демократијата и слободата на говорот

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска најостро го осуди вчерашниот напад врз новинарската екипа на ТВ24.

„Нападот врз медиумските професионалци е директен напад врз демократијата и слободата на говорот во едно општество. Апелираме да се остават новинарите непречено и достоинствено да ја вршат нивната општествено одговорна професија“, се вели во соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.