Свет Авион на „Туркиш ерлајнс“ приземјен поради закана за бомба

Авион на „Туркиш ерлајнс“ приземјен поради закана за бомба

Патнички авион на компанијата „Туркиш ерлајнс“ денеска принудно слета во Њу Делхи поради закана за бомба, соопштија индиските безбедносни служби.

Авионот летал од Бангкок кон Истанбул.

Индиската Национална безбедносна гарда е ставена на готовност поради дојавата за подметната бомба во авионот со 149 патници.

Авионот во моментов е во изолација на аеродромот, додека трае проверката на патниците и на нивниот багаж.