Свет Свет Авион на релацијата Париз-Каиро исчезна над Средоземно море

Авион на релацијата Париз-Каиро исчезна над Средоземно море

Авион на компанијата „Eгипет ер“ кој во средата навечер полетал од Париз за Каиро исчезнал од радар над Медитеранот, соопшти утринава египетската авиокомпанија. Во авионот имало 66 патници, меѓу кои и три деца и 10 членови на екипажот.

Од египетскиот патнички авион, кој исчезнал за време на летот над Средоземното море, бил примен сигнал во 4 часот и 26 минути по локално време, соопшти компанијата „Египет ер“.

Египетскиот весник „Ахрам“ пишува дека, немало повици за помош од авионот и дека последниот контакт со пилотот бил остварен десетина минути пред авионот да исчезне.

Француската влада ќе одржи итен состанок на кој ќе се дискутира за исчезнување на авионот на летот Париз-Каиро.