Свет Европа Авион на „Луфтханза“ за малку ќе се судрел со дрон над Варшава

Авион на „Луфтханза“ за малку ќе се судрел со дрон над Варшава

Патнички авион на германската компанија „Луфтханза“ за малку ќе се судрел со дрон во близина на Меѓународниот аеродром во главниот град на Полска, Варшава, соопштиле службите на аеродромот.

Инцидентот се случил вчера попладне, кога дронот се доближил на стотина метри од авионот, кој летал од Минхен.

Екипажот на „Луфтханза ембраер ЕРЈ -195“ го пријавил избегнатиот судир кога авионот се наоѓал на висина од околу 760 метри.

Од службите на аеродромот изјавиле дека во моментот полицијата спрoведува истрага за инцидентот.

„Би-Би-Си“ јавува дека Миколај Карпински од Агенцијата за воздушна навигација, за полската телевизија изјавил дека пилотите ведаш го пријавиле дронот на контролната кула, од каде го пренасочиле авионот по друга патека. По три минути авионот на „Луфтханза“ безбедно слетал на варшавскиот аеродром.