Свет Свет Авион на „Ер Франс“ принудно слетал поради сомнителна направа

Авион на „Ер Франс“ принудно слетал поради сомнителна направа

Авион на „Ер Франс“, кој летал од Маврициус до Париз, принудно слетал на аеродромот во Момбаси, Кенија, затоа што екпажот го известил пилотот за сомнителна направа во тоалетот.

– Побарана е дозвола за принудно слетување затоа што во тоалетот е откриена направа за која имало сомневање дека е бомба. Авионот безбедно слета и сите патници се евакуирани – изјави портпаролот на локалната полиција, Чарлс Овино.

Тој додал дека експерти за бомби ја зеле направата за да утврдат дали во неа се наоѓа експлозив.

„Боингот 777“ со 463 патници и со 14 членови на екипажот, го напуштил Маврициус во 21 часот по локално време и требало да слета на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз во 5.50 часот по локално време. Наместо тоа, тој принудно слетал на аеродромот во Момбаси во 1 часот по полноќ.