Свет Авганистан го повика Пакистан на борба против талибанците

Авганистан го повика Пакистан на борба против талибанците

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани го повика Пакистан да се бори против талибанците наместо да ги повикува на мировни преговори.

Гани ја даде изјавата пред авганистанскиот парламент, една недела откако талибанците во Кабул убија 64 лица, а ранија повеќе од 340.

Тој, исто така, рече дека Исламабад треба да почне воена операција против талибанците чии лидери се наоѓаат во Пакистан и кои им се познати на пакистанските власти.

Авганистан, Пакистан, Кина и САД се обидуваа во изминатите месеци да почнат мировни преговори меѓу Кабул и талибанците, но без значаен успех.