Забава „Аватар 2“ во кино-салите на Божиќ во 2017 година

„Аватар 2“ во кино-салите на Божиќ во 2017 година

Сценаристот и режисер Џејмс Камерон потврди дека продолжението на „Аватар“ ќе се појави во кино-салите во 2017 година.

– Планот е – Божиќ, 2017 година. Барем така можеме да најавиме сега. Но, јас не сметам дека тоа е толку важно како фактот дека сите три филмови, кога ќе ги завршиме, ќе ги објавуваме секоја следна година. Секој од тие филмови е самостоен, но истовремено раскажува многу поголема приказна – изјави Камерон.