Македонија Асфалтирани улици на градските гробишта „Бутел“

Асфалтирани улици на градските гробишта „Бутел“

Градот Скопје изврши и докомплетирање на атмосферска канализација во должина од околу 1 500 метри на Ул.Александар Урдаревски

Екипите на Град Скопје и годинава, како и во изминатите две години, асфалтираа нови улици на градските гробишта „Бутел“, со вкупна површина од 3.200 квадратни метри. За реализација на овој градежен зафат, потрошени се 3,5 милиони денари од буџетот на Град Скопје, а на терен работеа екипи на ЈП „Улици и патишта“.

Исто така, Град Скопје изврши и комплетирање на атмосферска канализација во должина од околу 1.500 метри на улицата Александар Урдаревски, покрај гробиштата во Бутел, за при обилни дождови да не дојде до поплавување на гробиштата.