Свет Асад: Во Сирија веќе пет години се случува тоа што му се...

Асад: Во Сирија веќе пет години се случува тоа што му се случи на Париз

Претседателот на Сирија, Башар ал Асад, изрази сочувство на француските пратеници поради терористичките напади во Париз, укажувајќи дека истото се случува во Сирија веќе пет години.

– Во Франција вчера се случи тоа што во Сирија се случува веќе пет години – изјави Асад на средбата со француските парламентарци во Сирија, во рамки на која ќе имаат средба и со шефот на дипломатијата, Валид Муалем, и со колегите од сирискиот парламент.