Свет Асад: Сириската војска е пред конечна победа во Алепо

Асад: Сириската војска е пред конечна победа во Алепо

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека не може да прифати ништо друго освен целосна победа нас бунтовниците во Алепо и во другите делови во земјата, јавија државните медиуми.

Во телеграмата испратена до рускиот претседател Владимир Путин, во која Асад ѝ заблагодарува на Москва за воената поддршка, сирискиот претседател истакнува дека неговата војска ја „постигнува конечната победа“ и го „уништува агресорот“ со својата борба против бунтовниците во Алепо и во другите делови на Сирија.

Сириската војска вчера соопшти дека ќе се придржува кон договореното примирје во Алепо, постигнато на иницијатива на Москва и на Вашингтон.

Во интензивните борби во изминатите две недели во градот загинаа десетици лица.
Опозицијата и западните земји сметаат дека решавањето на кризата во Сирија е можно само ако Асад замине од власт.