Дописници Аргировски недомаќински троши 122.000 евра годишно, сметаат пензионерите

Аргировски недомаќински троши 122.000 евра годишно, сметаат пензионерите

Претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија (СЗПМ), Драги Аргировски, нема да ги замолчи тие што ја плаќаат членарината на Сојузот, во износ од околу 122.000 евра годишно, што тој недомаќински и себично ги троши.

Со ваква порака се обратија од Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), прашувајќи врз основа на кој член од статутот на СЗПМ, Аргировски остварил соработка со една политичка партија и го потпишал меморандумот за соработка?

Оттаму бараат отчет, колку пари од СЗПМ, по сите основи, му се исплатени на Аргировски, само во 2016 година.