Македонија Арачиновец уапсен пред Врховниот суд, околу појасот носел прачки налик на експлозив

Арачиновец уапсен пред Врховниот суд, околу појасот носел прачки налик на експлозив

Припадниците на полицијата што денеска го обезбедуваа судскиот комплекс додека траеше изрекувањето на пресудите за случајот „Диво Насеље“, уапсија педесет и седумгодишен жител на Арачиново со иницијали И.И., кој околу појасот имал четири прачки кои личеле на експлозив.

Како што потврдуваат од МВР, осомничениот е одведен во полициската станица во Центaр, каде со него се разговара.

Прачките ќе бидат предадени на вештачење за да се утврди за што точно станува збор.

На видеоснимка од инцидентот што ја објави „А1 он“ се гледа машко лице со тобра како му приоѓа на полицаец пред судот, кратко му се обраќа, по што веднаш следи интервениција на полицаецот и на повеќемина негови колеги кои го приведуваат лицето.