Македонија АПМ: Ако Груевски е сигурен во победата на наредни избори, нека даде...

АПМ: Ако Груевски е сигурен во победата на наредни избори, нека даде оставка

„Интересот на граѓаните на Република Македонија мора да биде пред личните интереси на партиските лидери што учествуваат на преговорите. Поради тоа, сметаме дека треба да има официјални информации од организаторите на преговорите за прашањата околу кои се преговара“, велат од Алијанса за позитвна Македонија.

Од партијата велат дека ако премиерот Никола Груевски е убеден дека на наредните избори убедливо ќе победи, да си даде оставка, бидејќи во таков случај за ВМРО-ДПМНЕ не е воопшто важно кој ќе ја води Владата во транзицискиот период.

Од партијата додаваат дека како олеснувачи, поактивно треба да се вклучат и САД, оти одложувањето на решението на кризата може да предизвика подлабоки последици за Македонија, особено на безбедносен план на регионот. АПМ бара Груевски да предложи негов наследник кој би бил прифатлив за сите страни.