Свет Анонимуси ја урнаа веб-страницата на јапонскиот премиер поради ловот на китови

Анонимуси ја урнаа веб-страницата на јапонскиот премиер поради ловот на китови

Хакерската група Анонимуси соопшти дека ја урнала веб-страницата на јапонскиот премиер Шинзо Абе во знак на протест против плановите на земјата за лов на китови.

Шефот на кабинетот на премиерот, Јошихиде Суга, соопшти дека утринава не можеле да пристапат до веб-страницата и оти полицијата покренала истрага.

Суга потврди дека Анонимуси на „Твитер“ објавиле порака во која ја преземаат одговорноста за уривањето на веб-страницата, но додаде дека полицијата сè уште не ја означила хакерската група како главен осомничен.

Во еден од твитовите, објавен пред девет часа, Анонимуси ја критикуваат Јапонија поради ловот на китови и предупредуваат дека веб-страницата на Абе ќе биде хакирана.