Македонија Анкетната комисија за фалсификуваните лични документи почна со работа без СДСМ

Анкетната комисија за фалсификуваните лични документи почна со работа без СДСМ

„Целта на комисијата е да го расчисти скандалот со создавање хаос во државата. А СДСМ со тоа што не учествува, очигледно сака да ја блокира работата и да избега од избори“, изјави Илија Димовски, претседателот на новоформираната собраниска Анкетна комисија за скандалот со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи.

Според Петре Шилегов, пак, која ја води Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, таа не ја исполнила својата задача и нема да го стигне рокот за да поднесе извештај што е обврска од Договорот од Пржино.

– СДСМ нема да учествува во драмолетките на ВМРО-ДПМНЕ – изјави Шилегов.

Комисијата ја води Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, потпретседател е Љупчо Димовски, а членови се Трајчо Димков, Благоја Деспотовски, Лилјана Кузмановска, Благица Ласовска, Андон Чибишев, Драган Данев, Талат Џафери, Ејуп Рустеми, Газменд Алији и Солза Грчева.

Оваа анкетна комисија се формираше на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, а опозицијата одби да учествува во нејзината работа со образложение дека една анкетна комисија веќе постои и треба да се создадат услови таа да може да фунционира, а не да се прават паралелни комисии.

Во меѓувреме, останува парализирана работата на Анкетната комисија за скандалот за прислушувањето што на иницијатива на СДСМ беше формирана според Договорот од Пржино, бидејќи сведоците на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да сведочат јавно.