Свет Анкета: Повеќето Руси не го сакаат Обама

Анкета: Повеќето Руси не го сакаат Обама

Осумдесет и еден отсто од Русите имаат негативно мислење за американскиот претседател Барак Обама, а помалку од пет отсто имаат позитивен став за него, покажа Рускиот центар за истражување на јавното мислење.

Според анкетата, 22 отсто од испитаниците изјавиле дека не им се допаѓа тоа што Обама води антируска политика, додека 18 отсто – поради тоа што почнува војни во светот. Пет отсто од анкетираните изјавиле дека надворешната политика на американскиот претседател има негативни последици, додека на други пет отсто едноставно не им се допаѓа.

Седумдесет и шест отсто од Русите сметаат дека Обама не ја заслужил Нобеловата награда за мир, додека пет отсто изјавиле дека наградата е правилно доделена.