Македонија Анкета на ИРИ: ВМРО – 26, СДСМ – 10 отсто доверба

Анкета на ИРИ: ВМРО – 26, СДСМ – 10 отсто доверба

Ако денеска има избори, 26 проценти од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 10 отсто за СДСМ, покажуваат резултатите од јавното мислење спроведено од институтот ИРИ, пренесе „Прес24“. За ДИУ би гласале 11 проценти, а за ДПА – 5 отсто од граѓаните.

Меѓу лидерите на политичките партии, премиерот Никола Груевски има доворба од 18 проценти од анкетираните граѓани, наспроти лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој има доверба кај 3 отсто од народот.

На прашањето кој подобро би се справил со корупцијата, за ВМРО-ДПМНЕ доверба дале 29 проценти, а за СДСМ само 6 отсто. Политиката на ВМРО-ДПМНЕ за прашањето за името ја одобруваат 28 отсто од испитаниците, наспроти онаа на СДСМ, во која веруваат само 11 проценти.

28 проценти од граѓаните одговориле дека ВМРО-ДПМНЕ води добра политика кон НАТО и кон ЕУ, наспроти СДСМ за кого истото го сметаат 12 отсто од граѓаните. 29 проценти наспроти 9 е предноста на ВМРО-ДПМНЕ кога станува збор за обезбедување на владеењето на правото, а во областа на безбедноста, предноста на ВМРО-ДПМНЕ е 33 наспроти 10 проценти за СДСМ.