Македонија Анѓушев – Сера: Поголема економска соработка со Шпанија во земјоделството и во...

Анѓушев – Сера: Поголема економска соработка со Шпанија во земјоделството и во енергетиката

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, се сретена со новиот амбасадор на Кралството Шпанија во Македонија, Емилио Лоренцо Сера.

Од кабинетот на вицепремиерот информираат дека Анѓушев му го честитал назначувањето на новиот шпански амбасадор и изразил очекување дека соработка помеѓу двете земји ќе продолжи да се развива во позитивна насока.

Соговорниците се заложиле за интензивирање на економските односи помеѓу двете земји, особено во секторот земјоделство, како и во енергетиката преку обновливите извори за енергија и во заштитата на животната средина преку проекти за соодветно управување со отпад.