Македонија Ангеловска: Здравството има доволно пари за потребите поврзани со корона вирусот

Ангеловска: Здравството има доволно пари за потребите поврзани со корона вирусот

„Буџетот на Министерството за здравство е во добра состојба и е добро скроен за да може да издржи дополнителни потреби“, изјави во гостување на емисијата „Економски магазин“, министерката за финансии Нина Ангеловска, одговарајќи на прашање за способноста на буџетот да одговори на новите потреби поврзани со корона вирусот.

„Се наоѓаме на почетокот на годината и ако го погледнеме буџетот на Министерството за здравство, тој може да издржи дополнителни потреби, како што сега имаше потреба да се набави дополнителна заштитна опрема. Во моментот нема потреба од користење на резерви и од преземање на средства од други министерства, затоа што ова Министерствотоо има така скроен буџет, да може да одговори и на ваква состојба“, рече Ангеловска.

Таа посочи дека најопасното нешто е паниката и дека е потребно да се има будност и координираност. Во Министерството за финансии веќе се одржуваат состаноци, како и со сите економски ресори, и се прават симулации и потенцијални сценарија, кои всушност, се дел од секојдневните планирања, предвидувања и следења на Министерството за финансии, без разлика на ситуацијата.