Економија Ангеловска-Бежоска: Стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем ќе бидат одржани и во...

Ангеловска-Бежоска: Стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем ќе бидат одржани и во 2019

Сигурна сум дека и во годината што е пред нас ќе бидат одржани макроекономската стабилност и стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем на Македонија, се вели во новогодишната честитка до јавноста од гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска – Бежоска.

„И во следните 365 дена ќе ги унапредуваме сите сегменти на централнобанкарското работење во земјава, за да може НБРМ и натаму да го дава својот максимален придонес во доближувањето на македонската економија до европското семејство“, се вели во честитката на гувернерката.

Таа посакува 2019 да биде година на хармонија, напредок и нови достигнувања.