Македонија Андоновски, Тавитјан и Плевнеш, добитници на наградата „Св.Климент Охридски“

Андоновски, Тавитјан и Плевнеш, добитници на наградата „Св.Климент Охридски“

Во Собранието на Република Македонија денеска беше врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2017 година.

Во областа на воспитанието и образованието, добитници на наградата се професорот и писател Венко Андоновски и историчарот Наим Алими. Во областа на културата и уметноста, добитници на наградата се музичарот Гарабет Тавитјан, писателот Јордан Плевнеш и филмологот Илинденка Петрушева.

– Без филм, филмска критика и филмологија, без драма, театар, проза, без музика, без историја – нема стварност. Свети Климент е ученик и учител. Сите ние сме учеле од некого, значи сме биле ученици, а сме и учители – рече Андоновски.

На врачувањето на наградата присуствуваа премиерот Зоран Заев, министри, академици и  уметници.

Наградата „Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.