Македонија Андонов најавува нова прес-конференција во МВР во 15 часот

Андонов најавува нова прес-конференција во МВР во 15 часот

„Ова е една од моите редовни посети во секторите за внатрешни работи и денеска сум во СВР Тетово без разлика на вчерашните и денешните ад хок случувања што ги прави СЈО“, рече дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, при денешната посета на СВР Тетово.

Подетални информации за тоа какви биле тие „ад хок случувања на СЈО“, Андонов најави дека ќе даде на прес-конференцијата што ќе ја одржи во МВР во 15 часот.

Андонов во Тетово го пречекаа началникот на СВР Тетово и неговите соработници. Средбата траеше околу еден час.