Македонија АМСМ: Сообраќајот се одвива без забрани и застои, по влажни коловози

АМСМ: Сообраќајот се одвива без забрани и застои, по влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. На коловозите има остатоци од кашест снег по интервенцијата од дежурните екипи на Јавното претпријатие „Македонија пат“. Слаб снег кој не се задржува на коловозите провејува на патните правци Попова Шапка – Тетово – Гостивар – Маврово и на Стража, информираат од АМСМ.

Оттаму препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, односно на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.