Македонија АМСМ: Отежнат сообраќајот на неколку патишта

АМСМ: Отежнат сообраќајот на неколку патишта

На патот Кичево – село Извор за попладнево, од 15 до 16 часот, се најавени градежни работи со минирање поради што сообраќајот ќе биде во прекин од 10 до 15 минути, соопшти Автомото-сојузот на Македонија.

Поради појава на свлечиште на патниот правец Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е сè уште во прекин. Возилата се пренасочуваат низ Битола.

АМСМ информира дека сообраќајот се одвива отежнато на патот Прилеп – Витолиште поради свлечиште и Прилеп – Македонски Брод поради слегнување на асфалтот.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава.