Економија АМСМ: Од вкупниот број издадени зелени картони, 32 проценти се едномесечни

АМСМ: Од вкупниот број издадени зелени картони, 32 проценти се едномесечни

Од вкупниот број издадени зелени картони, 32 проценти се за едномесечниот зелен картон, изјавија од АМСМ за „Мета“.

Според нив, сè уште е рано да се дава прецизна информација за тоа дали едномесечната зелена карта е поисплатлива за клиентите.

– Со оглед на фактот дека почнаа и траат годишните одмори, во наредниот период ќе излеземе со поконкретни бројки и информации. Ставот на „АМСМ мобилити брокер“ е дека ние го подржуваме едномесчниот зелен картон во насока на приближување на потребите на нашите клиенти и корисници на услуги, кои сега имаат избор – велат од АМСМ.

„Мета“ побара став и од други осигурителни компании кои ја нудат оваа услуга, но тие велат дека сè уште е рано да излезат со какви било информации за текот на продажбата и за интересот.

Одлуката на Владата за воведување едномесечен зелен картон стапи на сила на 20 јуни. Цената на едномесечен зелен картон изнесува 30 евра за возила до 66 киловати, односно 50 евра за возила со повеќе од 66 киловати.

Овој картон најмногу од корист ќе им биде на оние кои патуваат еднаш годишно, особено за време на летниот период.