Свет Свет Американската војска уништила милиони долари од трезор на Исламска држава

Американската војска уништила милиони долари од трезор на Исламска држава

Меѓународната коалиција што ја предводи САД, на северот на Ирак го уништила трезорот на Исламска држава, во кој таа екстремистичка организации чувала готовина.

Две бомби од 900 килограми го погодиле складиштето во Мосул каде што Исламската држава ги чувала парите во вредност од милиони долари.

– Проценуваме дека се работи за милиони долари од нивните нелегални бинзиси како шверц на нафта, грабежи, изнудувања – изјавил анонимен извор од американската армија за АФП.