Подглавна секција Американската војска изврши напади во самоодбрана врз складишта на Хутите во Јемен

Американската војска изврши напади во самоодбрана врз складишта на Хутите во Јемен

„Незаконските напади на Хутите убиле тројца морнари, потонале трговски брод кој законски транзитирал по Црвеното Море, ја прекинале хуманитарната помош за Јемен, им наштетиле на економиите на Блискиот Исток и предизвикале еколошка штета“ пишува во соопштението на ЦЕНТКОМ.

Фото: Израелски брод во Црвеното Море IDF Spokesperson's Unit

Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ) соопшти дека американската војска извршила напад во самоодбрана врз три подземни складишта на јеменските бунтовници Хути во областите на Јемен кои се под контрола на групата.

Од командата кажуваат дека Хутите истрелале четири противбродски балистички ракети во Црвеното Море од областите во Јемен што ги држат под нивна контрола.

Хутите напаѓаат трговски и воени бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив од средината на ноември како одговор на, како што наведуваат, израелската инвазија на Појасот Газа.