Подглавна секција Американката што го обвини Бајден за сексуален напад пребегна во Русија

Американката што го обвини Бајден за сексуален напад пребегна во Русија

Сегашниот американски претседател Џо Бајден целосно ги отфрлаше нејзините обвинувања

Фото: commons.wikimedia.org Исечок од видео: https://www.youtube.com/watch?v=A1Vu-N2f8h8&t=51m51s Автор: BottleOfChocolateMilk Creative Commons Attribution-Share Alike 4.0 International license

Американката Тара Рид што го обвини актуелниот претседател на САД Џо Бајден, а тогашен сенатор на државата Делавер за сексуален напад, долетала во Москва и побарала руско државјанство, објави Би-би-си.

Зборувајќи за државен руски медиум, Рид (59) рекла дека се чувствува безбедно во земјата и сака да остане во Русија.

Таа го обвинуваше Џо Бајден за сексуален напад кога работела за него во неговиот кабинет во Конгресот на САД во 1993 година. Рид работела како помошничка на Џо Бајден додека тој бил сенатор од Делавер. Обвинувањата Рид ги изнесе во 2020 година, во почетоците на претседателската кампања на Џо Бајден, тврдејќи дека ја нападнал во коридор на Капитол Хил. Во време на наводниот напад имала 29 години.

Сегашниот американски претседател целосно ги отфрлаше нејзините обвинувања.

„Сосема сигурно велат дека тоа никогаш – никогаш – не се случило“, беше одговорот на Џо Бајден на нејзините обвинувања.

„Кога се симнав од авион во Москва, првпат по подолго време се чувствував безбедно, се чувствуваш слушнато, се чувствував почитувано“, рекла таа за државниот руски медиум Спутник.

Дополнително, таа вели дека се решила да избега од САД откако политичар од Републиканската партија и рекол дека е физички загрозена.

Рид е една од неколкуте жени што во 2019 и во 2020 година излегоа и јавно го обвинија Бајден дека неделикатно ги допирал, гушкал или бакнувал. Рид тврдеше дека поднела жалба. Сепак, досега не е пронајден ниту еден доказ за нејзините обвинувања и не е јасно дали нејзината поплака е формално истражувана, пишува Би-би-си.