Забава Амел Чуриќ, победник на „Икс-фактор Адрија“

Амел Чуриќ, победник на „Икс-фактор Адрија“

Босанецот Амел Чуриќ победи, а македонскиот претставник Боби Мојсовски заврши како второпласиран во втората сезона на најпопуларното музичко шоу на Балканот, „Икс-фактор Адрија“ (X-Factor Adria), чие суперфинале се одржа во „Комбанк арена“ во Белград.

Финалето беше исполнето со многу настапи. Настапуваа членовите на жирито, кои претставуваа нови песни, а најдолго чекан настап беше настапот на големиот Џејмс Артур, кој, всушност, ја стекна славата откако победи на британскиот „Икс-фактор“.