Македонија Амбасадорот Бејли во посета на Гевгелија

Амбасадорот Бејли во посета на Гевгелија

На церемонија по повод завршувањето на реновирањето на здравствениот дом во Гевгелија, денеска ќе учествуваат амбасадорот на САД, Џес Бејли, и директорот на здравствениот дом во Гевгелија, Томислав Петков.

Европската команда на Армијата на САД го финансираше проектот во вредност од 323.000 долари, при што беа поставени нов покрив и нова фасада, а беше извршено и целосно реновирање на центарот за педијатриска нега, на одделот за имунизација и на тоалетите на вториот кат во Здравствениот дом.

Ова реновирање значително ќе го подобри квалитетот на медицинската нега за граѓаните во поширокиот регион на Гевгелија.