Македонија Амбасада на САД: Уставниот суд не се држел до востановените процедури

Амбасада на САД: Уставниот суд не се држел до востановените процедури

Брзината со која дејствуваше Уставниот суд и нетранспарентното одлучување беа во голема мера без преседан, изјавија од Aмбасадата на САД во земјава за порталот „Сакам да кажам“.

„Институциите ја градат довербата преку транспарентност и држење до востановените процедури. Активноста на судот се чини е спротивна на неговите процедури. Уште повеќе зашто, за да се одговори на проблемите со изборните нерегуларности на кои укажува извештајот на Прибе и да се одржат слободни и фер избори, во целосна ускладеност со европските стандарди, како што е предвидено во Договорот од Пржино, македонските институции мора да демонстрираат посветеност на тие стандарди, меѓу кои и сериозност во одвраќање, откривање и кога ќе се случи, казнување на изборна измама. За жал, многумина во Македонија го интерпретираат тајмингот и затворената, забрзана постапка на одлучувањето на судот како ширење на неказнивоста за изборни злоупотреби. Ова не помага да се изгради довербата на граѓаните во системот“, ја коментираат одлуката на Уставниот суд од Амбасадата на САД во Скопје.