Технологија Гаџети „Амазон“ ќе воведе услуга за видеостриминг

„Амазон“ ќе воведе услуга за видеостриминг

Весникот наведува дека целта е да се привлечат корисници за сервисот „прајм“

Компанијата „Амазон“ на почетокот од следната година планира да иницира услуга за протек, како што се нарекува сртиминг, на видеосодржини, која ќе се финансира преку огласи, објави весникот „Њујорк пост“.

Новата услуга би требало да биде одвоена од сегашната „прајм“ која за 99 американски долари годишно вклучува и видеоуслуги. Во извештајот се наведува дека новата услуга ќе биде целосно бесплатна или дека дел од содржините ќе се наплатуваат.

Од весникот наведуваат дека главната цел на оваа услуга, веројатно е привлекување на корисници на „прајм“.