Економија Алп Ер Тунга Ерсој е нов генерален директор на „ТАВ Македонија“

Алп Ер Тунга Ерсој е нов генерален директор на „ТАВ Македонија“

Алп Ер Тунга Ерсој е нов генерален директор на „ТАВ Македонија“ и доаѓа на местото на Зоран Крстевски, кој, пак, е назначен за член на одборот на директори, информираат од компанијата.

Алп Ер Тунга Ерсој беше заменик генерален директор на „ТАВ Македонија“, од влегувањето на „ТАВ Аеродроми“ на македонскиот пазар.

„ТАВ Македонија“ ги заврши првите 11 месеци од 2016 година со 16 проценти зголемување на бројот на патниците, достигнувајќи вкупно 1.661.010 патници. Во истиот период, од јануари до ноември, бројот на летови се зголеми за 10 проценти.