Македонија Алeксандар Василевски-Нинџа и се предал на полицијата, одреден му е притвор

Алeксандар Василевски-Нинџа и се предал на полицијата, одреден му е притвор

Александар Василевски-Нинџа кој е обвинет за настаните на крвавиот четврток во Собранието на 27 април минатата година, и се предал сам на полицијата и денеска дал исказ во Kривичeн суд, од каде потоа бил пренесен во затворот во Шутка.

Нинџа подолго време не беше достапен за органите на прогонот.

Според веб-страницата на МВР за потраги, сè уште недостапни за полицијата се Дејан Давидовски и Митре Питроповски.

Тој е познат по тоа што досега е осудуван за низа тешки кривични дела, а еден период му беше обезбедување на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.