Македонија Алиу: Се подготвува законот за сајбер заштита на цивилното население

Алиу: Се подготвува законот за сајбер заштита на цивилното население

Во неговото креирање се вклучени приватниот, невладиниот и владиниот сектор, како и науката, за да се добијат најдобрите решенија

Фото: Влада на РСМ

Законот со кој се уредува сајбер заштитата на цивилното население и се предвидува формирање агенција е во постапка на изработка и веќе е поставен е на ЕНЕР, информираше министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. Тој посочи дека во неговото креирање се вклучени приватниот, невладиниот и владиниот сектор, како и науката, за да се добијат најдобрите решенија.

Досега пристигнале преку 90 коментари и забелешки од сите заинтерсирани страни.

„Процесот беше многу инклузивен од првиот ден, а со законот и агенцијата ќе ги решиме проблемите и предизвиците со кои сега се соочуваме од апсект на дигиталната трансформација. Тоа е долг, комплексен процес кој никогаш не завршува, поради што мора да имаме патоказ и негова имплементација преку агенцијата за да го постигнеме тоа што сакаме“, истакна Алиу.