Македонија Алијансата за Албанците во Гостивар повика да се гласа за НАТО и...

Алијансата за Албанците во Гостивар повика да се гласа за НАТО и ЕУ

Претседателот на политичката партија Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вчера во Гостивар повика на масовност и поддршка на претстојниот референдум. Тој на собирот во амфитеатарот во градскиот парк пред сопартијците и симпатизерите рече дека има природна потреба Албанците од Македонија да бидат во НАТО и ЕУ.

– Да излезме на 30 септември масовно и да ги мобилизираме останатите. Така ќе им ја врачиме благодарницата на НАТО кои беа со нас кога опстанокот на Албанците на овие простори беше загрозен. Да гласаме „за“ и да ги направиме нашите домови и иднината посигурни – рече Села.