Македонија Алијанса за Албанците: „Илинденска“ е удар врз секуларизмот и славизирање на државата

Алијанса за Албанците: „Илинденска“ е удар врз секуларизмот и славизирање на државата

Алијансата за Албанците на вчерашната седница на Централното претседателство, последниот предлог „Република Илинденска Македонија” за решение на спорот за името со Грција, го нарече тенденција да се славизира името на државата и тежок удар врз секуларизмот.

„Интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО е бескомпромисна стратегиска и политичка определба на Алијансата за Албанците. Таа го повторува својот став дека е против која било тенденција да се славизира во која било форма името на државата. Во врска со информацијата лиферувана во јавноста околу новото име на државата, Алијансата за Албанците констатира дека ова именување е тежок удар врз секуларниот карактер на државата како една од основите на либералната демократија”, наведува во своето соопштение Алијансата за Албанците.