Македонија Алијанса бара МВР да открие кој се заканува на Агенцијата за одземен...

Алијанса бара МВР да открие кој се заканува на Агенцијата за одземен имот

Од партијата порачаа дека ќе продолжат да продаваат одземен имот и парите од продажбата ќе им се вратат на граѓаните до последен денар

Лого на Агенцијата за управување со одземен имот

Владејачката партија Алијансата за Албанците денеска побара од полицијата да открие кој се заканува на вработените и на директорот на Агенцијата за одземен имот. Ваквата реакција на партијата следи откако деновиве реагираше и директорот на оваа агенција Дритон Небиу, кој се пожали на притисоци.

„Деновиве криминалци потврдени со судски решенија им се заканувале на вработените и на директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу. Сакаме да ве известиме дека зад директорот Небиу стои целата Алијанса за Албанците, целото претседателство и сите членови. Безрезервно го поддржуваме нашиот директор кој неодамна, како никој до сега после 10 години успешно продава имот конфискуван од криминалци и корумпирани поединци“, велат од Алијанса за Албанците.

Од партијата порачаа дека ќе продолжат да продаваат одземен имот и парите од продажбата ќе им се вратат на граѓаните до последен денар.

„Јавно ги повикуваме надлежните институции, Министерството за внатрешни работи, обвинителството и другите институции да ги истражат заканите кон вработените и раководството на Дирекцијата за конкретно управување, да ги идентификуваат заканите и да ги изведат пред правдата“, порачаа денеска од оваа партија.

Инаку, во тек е постапката на Агенцијата за управување со одземен имот за продажба на станови на Сашо Мијалков, кои се лоцирани во скопската населба Водно.

На лицитација трите стана на Мијалков на Водно – се продаваат по 1.400 евра за квадрат